почетнавидови житаркисостав на житоконтакти


Видови на житарици

   пченица    рж    јачмен    пченка    ориз   

                                                           Пченица

 

   Пченицата е растение кое се одгледува по целиот свет.Таа е најважната зрнеста житна култура која се користи за човекова исхрана и е на второ место по вкупно производство од житариците веднаш после пченката, а трет е орисот.

   Пченичните зрна се главен прехранбен производ кој се користи за добивање брашно за леб, колачи, тестенини и др. и за ферментација за добивање пиво, алкохол, водка и биогориво.Лушпата од зрното која се отстранува при изработката на брашно се нарекува трици.Пченицата се сади на некои места и како растение за исхрана на добитокот-сточна храна.

Житарици-општо

Технолошко-технички факултет Велес

                Таа е едногодишно растение и ботанички спаѓа во фамилијата треви(Gramine) од родот-triticum.Постојат повеќе сорти, меѓутоа, сите немаат исто значење во стопанството.Најголемо стопанско значење имаат три вида:обична пченица(triticum vulgare), тврда пченица(triticum durum) и англиска пченица(triticum turgidum).

                 Спрема времето на сеење и класење пченицата се дели на озима и јара.

                                                Озимите сорти пченица се сејат и никнат во есен, ствараат клас на пролет и лето и истата година цтвараат плод-жито.Најдобро се култивираат во умерената климатска зона која обилува со доста снег.Пределите на нашата земја освен високите планини спаѓаат во оптимални зони за одгледување на пченицата.

                  Јарите сорти на пченица се помалку застапени од озимите сорти.Тие се сејат напролет а класаат и донесуваат плод истата година.Се одгледуваат во области со поостра клима,односно на оние места кои не се погодни за озимите сорти.

                 

Рж(Secale cereale)

 

            Започнува да се одгледува околу 1500 години пред н.е. на територијата на денешна Турција.Од тогаш се проширува и на околните подрачја.Ржта се употребува во прехранбената индустрија за добивање брашно потоа пиво и виски.Таа е слична на пченицата, но содржи нешто помалку белковини во својот состав и дава послаб лепак.Лебот добиен од ржта е хранлив, подолго време останува свеж(бавно се суши) и послабо се вари во организмот од пченичниот леб.

             Со оглед дека приносите и општите квалитетни својства на ржта заостануваат зад пченицата, таа во помал обем се одгледува за разлика од пченицата.Ржта претставува жито на северна Европа.Најмногу се одгледува во Русија, Германија, Полска, САД и Канада.

             Постојат озими и јари сорти од рж.Кај нас се одгледуваат домашната озима и јара и тоа главно во планинските предели.

             Се смета дека некои екстракти од ржта имаат антиалергиско делување, но тоа не е научно докажано.Ржта содржи доста протеини,витамини А,Е и В минерали(калиум,фосфор,железо,калциум и др.)

            

 

 

                                                                       Јачмен(Hordeum sativum)

              Јачменот е едногодишна билка од фамилијата треви(Gramine/Poaceae).Припаѓа на родот Hordeum се дели во три групи во однос на бројот на хромозоми:диплоидни(2n=12хромозоми),тетраплоидни и хексаплоидни.

              Се смета за една од најстарите житарици која човекот почнал да ја одгледува во Европа.Се сеел уште во каменото време,се култивирал во стар Египет и Месопотамија.Во Вавилон од него се правела каша и пиво.Здрава и ефтина замена за кафе, а јачменовиот слад е одлична замена за шеќер.

              Јачменот е житарица која успева во ладни краеви, успева на послаби земјишта и поднесува поостра клима.Поднесува разни климатски услови така да денес се одгледува и на високите планини(Алпи, Памир, Кавказ).Се произведува скоро во секоја земја но најповеќе во Европа, Азија и Северна Америка.Најповеќе се користи за сточна храна бидејќи има добар хемиски состав и хранливост.Многу се користи и како суровина во индустријата за пиво чија потрошувачка денес перманентно расте.Исто така се користи за добивање виски,гершла, сурогати од кафе, скроб, квасец и др.За човечка исхрана многу малку се користи

                        Пченка(Zea mays)

    Пченката денес се одгледува на големи површини и заедно со пченицата и оризот претставуваат најважни житарици.

    Тоа е едногодишно растение со потекло од Средна Америка.Во Европа е донесена 1493 а по некои извори во 1535 година.На Балканот стигнала во 17 век.

     Коренот и е жилест,стеблото високо и членковито со одвоени машки и женски цветови.Плодот е кочан со зрна по боја жолти или бели.Денес се одгледуваат и голем број разни врсти хибриди.

     Пченката бара земјиште со доста влага како и повеќе сончеви и топли денови.Најповеќе и одговара земјште кое лесно впива влага.Успева во области со умерена и топла клима односно во рамничарските предели(јужните делови на САД, средна и јужна Америка, југоисточна Европа,Балкан и Африка).

             Пченката најповеќе се користи за производство на сточна храна во облик на пченкарно брашно или зрно.Пченката исто така се троши како брашно во исхраната за припрема на качамак и проја.Пченката претставува и важна индустриска суровина за добивање на:скроб, декстроза, виски, вотка, алкохол, скробен сируп и масло за јадење.Постојат повеќе бидови пченка:шеќерна, тврда, забеста, брашнеста и др.

                                                                                                                                                            Ориз(Oriza sativa)                                                      

    Оризот е од родот житарици и потекнува од тропските и суптропските предели на Азија и Африка.Тоа е едногодишна билка која расте и до 1,8 метри височина.Овој род содржи две врсти Oriza sativa и Oriza glaberrima со вариетети и сорти.

    Застапен е и во Америка и јужните делови на Европа.Оризот бара земјиште со доста влага и топла клима.Земјиштето за време на вегетациониот период треба да биде покриено со вода.Култивирањето на ориз започнало пред повеќе од 6500 години во повеќе држави.најголем производител на ориз во светски размери се земјите на источна и јужна Азија(Кина, Индија,Индонезија Пакистан).Овие земји не се големи извозници на ориз бидејќи тие него го користат како основна храна.И во нашата земја се одгледува оризот на доста големи површини во Кочанскиот регион.Во меѓународната трговија оризот доаѓа како сиров(неизлупен), бидејќи во тој облик е поотпорен на долгиот транспорт.Во трговијата доаѓа како излупен ориз кој побрзо и полесно се вари.За подобар изглед излупениот ориз се полира со што добива стаклест изглед.Најпознати светски видови на ориз се:азиски ориз(Јава,Индија), американски (Јужна Каролина),левантски ориз(Египет,Турција) италијански ориз и др.

     Оризот воглавном се користи за исхрана бидејќи е многу хранлив(содржи скроб од 75-80% и белковини преку 7%).Од оризот во Кина и Јапонија се добиваат алкохолни пијалоци-саке и арак.Исто така од него може да се добие скроб и алкохол.На 20 степени C може да се чува до шест месеци и на 15 степени C и до година дена.

  

                        


Leading Cloud Surveillance, Recording and Storage service; IP camera live viewing

Leading Enterprise Cloud IT Service; cloud file server, FTP Hosting, Online Storage, Backup and Sharing

Powered by FirstCloudIT.com, a division of DriveHQ, the leading Cloud IT and Cloud Surveillance Service provider since 2003.